Најдобрите 5 работи за почеток на новата година

by ugostitelstvo.mk

Новата година штотуку не пристигнала, а со тоа пристигнува и потребата од новите идеи и планови како вие да ја почнете подобро и креативно новата година.

  1. Зголеметe ја активноста на социјалните мрежи
    Присуството на социјалните мрежи и во медиумите но, тоа секогаш се менува. Доколку присуството и активноста на сите мрежи во 2014 година се покажала како успешна, тоа може да биде сосема спротивно во престојната 2015. Доколку вие комуницирате со вашите редовни посетители на некоја мрежа бидете активни и останете на истата. Запомнете, социјалните мрежи никогаш не можат да ви наштетат во вашата работа и работата на вашиот ресторан.
  2. Организирајте се соодветно
    По завршувањето на празничната еуфорија, доколку вашите организациски методи малку попуштиле немојте да се чуствувате лошо, тоа не значи дека треба да останете неорганизирани. Ова значи дека треба да се осигурате дека вашиот бар е соодветно организиран и ги има потребните количини на алкохол за еден успешен почеток.
  3. Користете повеќе технологија
    Во 2015 година се очекува многу нови начини каде вие ќе можете да ја користите технологијата во вашиот бар или ресторан. Таблетите и мобилните апарати можете многу лесно да ги примените во употребата за наплата или за примање нова нарачка.
  4. Обрнете внимание на вашиот персонал
    Вашите вработени ви се најголемо богатство и лицето на вашиот бизнис затоа што сте помогнале во нивниот развој и разбирање на бизнисот. Доколку немате програма која ќе помогне во развој и разбирање на бизнисот, треба да размислите за оформување на таа програма. Препознавањето на персоналот кој напорно работи и се труди за напредок, секогаш треба да обрнете внимание и да им дадете можност на некоја нова работна позиција. Така вие нив ќе ги држите среќни и мотивирани.
  5. Пробајте нешто ново и различно
    Се сеќавате ли кога последен пат вие пробавте нешто ново во вашиот ресторан или бар? Доколку не можете да се сетите, направете го тоа во 2015 година и донесете промена во вашето работење. Не треба тоа да биде нешто многу големо, доволно би било доколку во вашето мени ново јадење или пијалок, мала промена во декорацијата на ентериерот или неделната програма. Секој гостин ќе ја забележи разликата, а за тоа вие ќе бидете најсреќни.

Доколку сакате 2015 година да биде ваша успешна година, размислете за овие 5 промени кои можат да бидат клучот за вашиот успех.

Слични написи