На поранешното детското одмoралиште блесна комплексот „Бел Камен“

by ugostitelstvo.mk

Изграден на местото на поранешното детско одморалиште „Плачковица“, опколен со богата и густа шума, овој засега мал комплекс е пример како се развива рурален туризам во државата.

Приказната за „Бел Камен“ може да се опише од грдо пајче па се до прекрасен лебед. „Бел Камен“ се наоѓа на планината Плачковица на 1.450 метри надморска височина. Изграден на местото на поранешното детско одморалиште „Плачковица“, обиколен со борова и букова шума, овој мал комплекс е пример како се развива рурален туризам во Македонија.

BOJ_5597_m1GlCYoekm2e533J_1417102613

Во иднина во комплексот се планира да се изградат и десет вили, со што ќе се зголеми капацитетот за прием на гости. Под хотелот, планирана е и изградба на затворен базен кој ќе може да се користи и зима и во лето.
Хотелскиот комплекс е сместен на 40.000 квадратни метри земја и шума, од кои на хотелскиот дел му припаѓаат 1.650 квадрати и 2.000 квадратни метри на двете надворешни тераси. Сместувачкиот дел е на три ката, лоби со бар, ресторан со камин, отворена тераса и спа-центар. Главниот ресторан со кој располага хотелот има капацитет за 160 гости. Летната тераса на хотелот има капацитет од околу 300 гости.
Спа-центарот кој го има хотелот им е на располагање на сите гости бесплатно.

Слични написи