Герила маркетинг во угостителството

by ugostitelstvo.mk

Да се биде сопственик на угостителски објект во ова време е голем предизвик. Секојдневната борба за поголема добивка е дел од секојдневието за многу угостители. Секој сопственик на ресторан, кафуле или бар знае колку е битен маркетингот за едно успешно работење на угостителски објект.  Затоа маркетингот треба да биде едноставен и препознатлив.

Малите угостителски објекти се соочуваат со голем проблем кога станува збор за маркетингот, а тој проблем најчесто се појавува поради недостаток на средства кои или не се доволни или воопшто не се планирани од самиот почеток. Резултат на ова може да биде малата посетеност на ресторанот што е непријатно искуство за секој угостител но најбитно е никогаш да не се предадете затоа што секогаш постојат маркетинг методи кои не бараат големи финансии, а ќе ви донесат нови посетители.

Една од тие методи е герила маркетингот, кој покрај минималните средства потребно е сам да имате желба и  голема креативност.

Што е “Guerilla Marketing” во угостителството?

Поимот “Guerilla Marketing” лесно е да се препознае и поврзe со Ernesto Che Guevara  кој во „Guerrilla Warfare“ издадена во 1960 година ја опиша оваа тактика, а ја измислил и започнал Jay Conrad Levinson во средината на 1980 година. Ова е позната како необична маркетинг кампања која ветува голем успех во работата со минимални средства, а како една од најкористените техники таа незапирливо расте и се развива во маркетинг индустријата.

kit-kat-bench-19218-1283526178-10

Една од битните карактеристики на герила маркетингот е потребата од голема креативност за пораката која сакате да ја пренесете на потенцијалниот потрошувач, затоа овој маркетинг не бара преголема инвестиција за рекламирање на вашиот производ или услугата која ја нудите, а можете да привлечете многу нови потрошувачи.

Дефинирајте го својот маркетинг

За почеток потребно е да се направи план и да се придржувате на истиот до самиот крај. Едноставно кажано гледајте на маркетингот како комуникација и едукација на вашите потенцијални гости. Бидете сигурни дека вашиот маркетинг ќе биде креативен доклку развиете креативна стратегија. Герила маркетингот ви дава извонредна предност над конкуренцијата која го прекинала своето рекламирање вие искористете ја немоќта на конкуренцијата и привлечете ѓи нивните гости.

gerila-marketing-pica

Како да смислите нешто возбудливо и несекојдневно?

Што е потребно да знаете пред да го смислите герила маркетингот:

  • Вашите потенцијални гости имаат голем избор на угостителски објекти во кој може да вечераат или да пијат кафе, сите тие можат да им ја понудат сличната храна, услуга па дури да ја платат истата цена, но има една работа за која гостите би се вратиле во вашиот ресторан, а тоа е услугата и изгледот на вашит објект
  • Многу модерни реклами и маркетинг стратегии се веќе видени и често пати се досадни. Вашите потенцијални гости нема воопшто да ја забележат вашата реклама доколку не е доволно креативна и возбудлива затоа вие треба да најдете креативно решение за вашето рекламирање доколку сакате да бидете препознаени и запаметени, а одовде започнува вистинскиот герила маркетинг

 


За повеќе информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
[email protected]

Слични написи