Ќе се развива ловниот туризам во земјавa

by ugostitelstvo.mk

Државата на јавен повик ќе бара концесионери за 12 ловишта во 5 региони. Огласот важи за домашни и за странски правни лица. Рокот за поднесување тендерската документација е до 20 јануари, по што следува електронска аукција на која ќе се донесе конечната одлуката- кој ќе стопанисува со ловиштето.

„Искуствата покажуваат дека во рамките на оваа дејност постои основа која обезбедува доходовен бизнис која ги задоволува потребите за профитабилност на самите стопански субјекти, а се разбира има и определена општествена корист“, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

3 од ловиштата се со ситен дивеч, а периодот на концесија е 10 години, останатите се со  крупен дивеч, со 20 години период на концесија. Концесискиот надоместок за малите ловишта ќе се плаќа на 10 еднакви годишни рати, а за поголемите ловишта на 20.

Според условите, ратата за секоја година треба да се уплати до 30 јуни во тековната година. Во моментов во Македонија од постојните 250 ловишта, под концесија се стопанисуваат околу 200. Целта е да се развие ловниот туризам во земјава.

Превземено од mrt.com.mk

Слични написи