Присуството на социјалните мрежи е многу ефикасна алатка за рекламирање, овој начин можете да го користите за информирање на вашите гости. Докажано е дека рекламирањето преку социјалните мрежи еден од најинвентивните и најбрзите начини на рекламирање, со самото тоа ефикасноста е голема и директно влијае на зголемување на вашиот профит.
Се разбира за да можете да се рекламирате на социјалните мрежи, мора да имате основни познавања од работењето со овие програми во зависност од тоа на која мрежа сакате да се рекламирате. Едно непишано правило вели дека ако сакате успешно да се рекламирате на социјалните мрежи, морате да бидете „ присутни“ односно морате што е можно почесто да постирате или барем еднаш дневно. Гостите сакаат секогаш да примаат нови постови од вас, односно секогаш да им испраќате информации кои ќе бидат со нови содржини. Согласно со вашето работење односно според вашата понуда, вие можете да ги постирате вашите менија без разлика дали се дневни или викенд менија, можете да ги испраќате новите понуди, попустите како и тоа кој гостува во вашиот локал и слично. Се разбира, СЕКОГАШ морате да ставате и слики од она што го рекламирате, немојте да постирате без фотографии или да постирате со лоши фотографии, со ова можете да постигнете негативен ефект. Се разбира кога правите кампања за рекламирање морате да внимавате на следното:
Внимавајте на времето кога гостите ќе го добијат постот-рекламата, не е седно кога ќе ја пратите бидејќи читаноста односно посетеноста на социјалните мрежи не е секогаш еднаква.
Целната група: внимателно одберете ги луѓето на кои сакате да им испратите реклама, секоја реклама не за секого. Некои од гостите ќе се најдат во понудата, другите можеби нема и доколку ова ако го направите неуспешно можно да ви донесе лош одѕив кај гостите.
ПОПУСТИ: Сите сакаат попусти, добро пресметајте и направете кампања кога ќе ги давате вашите производи и услуги со попуст, многу е важно кампањата да биде со повод.
Провокативен наслов: секогаш ставајте провокативен наслов, но внимавајте на нивото на објектот. Насловот е првата работа што им паѓа во очи на читателите, насловот ќе влијае на тоа дали читателот ќе продолжи со читањето или постот ќе оди во „DELETE“ односно ќе го избришат.
Немојте да праќате реклама од вашиот личен профил: направете профил на вашиот објект и секогаш рекламите постирајте ги од него, кај гостите постои непријатно чувство кога читаат постови од приватни постови каде се рекламираат угостителски објекти. Ова можеби ви звучи чудно но ве уверувам дека е така. Пробајте да направите профил на вашиот објект и ќе ја воочите разликата.
Се разбира, освен класичното рекламирање на вашите производи и услуги постојат и други начини прку кои вие можете, и веројатно ќе треба, да бидете во постојана комуникација со вашите гости или фанови. Еден од начините е да направите одредена анкета за одредена тема. Исто така можете да направите натпревар за доставена фотографија од вашиот ресторан и најдобрата да победи, наградата се разбира може да биде вечера во вашиот ресторан. Отворено можете да побарате од вашите фанови да ве препорачаат или да ги шеруваат вашите постови. Ефектот од овој вид на рекламирање во голема мера зависи од вас самите и тоа колку сте вие вешти во работењето со програмите за социјално комуницирање, но дури и да не се стекнете нови гости вие ќе имате ефект кај постојаните бидејќи тие ќе имаат чувство дека вие се грижите за нив, асо тоа ќе ги задржите и понатака да ве посетуваат.
Се разбира еден од најинтересните начини на рекламирање е да направите YouTube канал. Во време на општа дигитализација и лесна достапност на HD снимки па и од мобилни телефони лесно можете да поставувате видео записи на YouTube. Видеата можат да бидат со најразличити содржини, пр. Видеа од вашите рецепти, снимки од настани во вашиот ресторан, прослави забави и сл. Исто така можете да поставите изјави од разни личност кој се стални гости во ресторанот. Овие видео записи поставени на YouTube многу брзо ќе се појават на Google и ќе придонесат за повисоко рангирање на вашата интернет страна.
И на крајот немојте да заборавите дека една слика вреди 1000 зборови, а што да кажеме за видео запис.