Како се послужува сирење (втор дел)

by ugostitelstvo.mk

ПИЈАЛОЦИ КОИ СЕ СЛУЖАТ СО СИРЕЊЕ

Во европските медитерански земји, Франција, Италија, Шпанија со сирењето по правило се пие црвено вино, со младото сирење – младо вино, со постаро сирење – постаро вино, односно, колку е поквалитетно сирењето толку треба да е поквалитетно  и виното.

Англичаните преферираат со сирењето да се напијат порто вино или јако темно пиво. Во скандинавските земји, со сирењето пијат чаша од некој јак алкохолен пијалок, како на пр. водка. Германците со сирењето пијат јако, суво, бело вино или темно пиво.

Различните народи со сирењето ги пијат веќе традиционално присутните пијалоци (како на пример вино, пиво, ракија), но ако можат да бираат, сигурно ќе се одлучат за францускиот обичај, некое добро црвено вино.

Општо земено, колку е побело и посвежо сирењето, толку повеќе треба виното да е остро и со овошна арома. Масните сирења и оние со побогат вкус, одговараат со бели вина, како што е  “Chardonnay” и розе вино. Колку е сирењето потемно и потврдо, толку виното може да биде појако и со побогат вкус. Повеќето плави сирења, од друга страна пак, одговараат со слатки вина.

Белите вина пак, често изненадувачки одлично се согласуваат со сирење, дозволувајќи до израз да дојдат карактеристиките и на сирењето и на виното истовремено, на начин на кој црвените вина не можат да го направат тоа.

Cheese-and-Icewine-Pics-2010

ДЕКОРИРАЊЕ НА СИРЕЊЕТО

Како и останатите јадења, така и сирењето, пред да се послужи на гостите, треба на некој начин да се украси. Така чинијата со сирење ќе изгледа поубаво, а состојките со кои се украсува сирењето, се јадат и го надополнуваат вкусот.

Тврдо и немасно сирење се служи 20 до 30 грама путер. Во некои наши краеви со младото сирење се служи млад кромид и леб.

Зрело сирење се служи кришка домат, кругче или две од пиперка, ротквици и колку маслинки.

Сирење кое има благ вкус, некои народи служат рендан рен, целер или кромид.

Сирење кое е богато со мувла може да се служи со ореви, свежо или суво овошје, грозје, крушки и сл.

Сирење кое има специфичен мирис се додава и лажичка ким, а со несолено сирење лажичка шеќер во прав.

Во некои угостителски објекти со сирењето се служат и солени стапчиња, крекери, кикирики и сл.

ПРИЛОГ КОЈ СЕ СЛУЖИ СО СИРЕЊЕ

Леб

Постои скоро ист број видови на леб и сирења. Најдобар е домашно подготвениот леб. Некои гости преферираат леб со ореви или грозје, но обичниот леб најчесто повеќе одговара со сирење.

Ореви

Европјаните често со сирењето служат и ореви, бадеми или лешници со лушпа.

Кисели краставици

Служењето на кисели краставички со сирење е обичај на Англичаните. Овој прилог најчесто е соодветен за тврдо, зрело сирење, како што е “Cheddar“, но нивниот вкус може повтoрно да преовладува.

Свежо овошје

Се служи сеозонско овошје, по можност локално. Агрумите се со преостар вкус, а тропското овошје е преблаго, затоа идеално овошје за служење со сирење се јаболка, круши и смокви.

Зеленчук

Маслинките, целерот, боранијата и крцкавиот зеленчук со долгнавести листови, може да се служи на ленти, но врз сирењето.

Мед

Ако мувлосаното сирење лесно се испрска со неколку капки мед, ќе се нагласи вкусот на сирењето.

 


За информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
obuki@regentclub.org

Слични написи