Планирањето на она што би можело да биде најсреќниот ден во вашиот живот, бара креативност од двата партнери, членовите на семејството и пријателите кои ќе одлучат да се вклучат во планирањето на вашата свадба.
Подготовките може да бидат многу убав дел од вашиот живот, но треба да знаете дека овој период исто така е многу предизвикувачки и стресен. Всушност можете да бидете сигурни дека некои планови нема да излезат како што сте сакале, па треба да сте подготвени и на тоа! Треба да останете организирани, да се придржувате до буџетот и да си дадете доволно време да постигнете сè.
Одредете го буџетот. Важно е да се придржувате до буџетот и да бидете реални во вашите желби. Иако ова е многу посебен ден во вашиот живот, тоа не е изговор да се расфрлате со пари кои ги немате. Помислете на тоа дека сè уште престојат многу убави денови и после свадбата, кои не би сакале да ги уништувате со враќање на непланирано потрошените пари, кои го пречекориле лимитот.
- Трудете се да не го надминете планираниот износ утврден за вашиот буџет. Ако потрошите повеќе за еден дел, ќе мора да прескокнете друг дел од испланираната листа. Бидете флексибилни и дадете им приоритет на големите трошоци кои се навистина важни.
- Ако вашите родители или идни родители делумно или целосно ја финансираат свадбата, имате дополнителна помош. Сепак, бидете свесни да не ги оптоварувате премногу. Прашајте ги за нивниот буџет и држете се до него.
Поставете временска рамка во планирањето. Од сите работи во врска со вашето планирање, ова е најважниот аспект. Направете разумна временска рамка, во зависнот од тоа колку време сакате да си дадете. Земете календар пред вас и обидете се да предложите временска рамка која ќе биде ваш водич во планирањето. Би било убаво да имате околу 12 месеци за да ја испланирате свадбата, но доколку немате толку време, едноставно прилагодете се на временската рамка која вам ви договара.
- Не паничете доколку немате 12 месеци. Оние работи кои се случуваат во текот на првите месеци, како што е објавување на веридбата, известување за истата, планирање на буџетот и одредување на датумот за свадбата, се работи кои можете да ги завршите многу брзо.
- Една од главните причини за одолговлечување на настанот е резервацијата на местото каде ќе се случува свадбата. Најпопуларните места најчесто се резервирани неколку месеци однапред. Ако едноставно немате толку време за чекање, тогаш пробајте со алтернативни решенија, како простори со јавни градини или помалку познати цркви, џамии и сл.
Изберете метод за водење на евиденција. Ќе треба да ги задржите мислите константно на сето она што веќе сте го одлучиле и испалнирале однапред. Вклучително и сметки, фактури, фотографии од посакуваните декорации, облека, упатства итн., па трудете се да бидете организирани и да ги зачувате сите овие работи на едно место.
- Постојат многу апликации кои можат да ви помогнат за дигитално планирање. Ако имате технологија која ви овозможува користење на вакви апликации, ќе биде повеќе од добредојдена во заедничкото планирање и стратегија. За многу луѓе дигиталното планирање во комбинација со планирањето на хартија е најдобрата опција.
Одлучете ја големината на вашата свадба. Не заборавајте да разговарате неколку пати за ова со вашиот вереник. Свадба од соништата не едниот, можеби не е иста со желбата на другиот. Па така, треба да знаете точно колку луѓе ќе присуствуваат на вашата венчавка.
Одберете место. Колку побрзо ќе го направите ова, толку подобро. Разгледајте ги понудените опции, што нуди местото, каков е просторот, каква е храната, колкави се трошоците, дали ќе се покријат сите трошоци или може да очекувате и дополнителни…
- Имајте предвид дека и цркавата може да наплати висока цена за услугата.
Одерете го датумот. Фактори кои влијаат во изборот на датумот е достапноста на местото каде ќе се случува свадбата, семејството и пријателите. Мислете на оние кои ќе ги поканите на вашата свадба и според тоа, обидете се да го утврдите вистинскиот датум. Поголемиот дел од гостите ќе сторат сé за да се приспособат на датумот на свадбата, но ако познавате некој што треба да прави операција или веќе е поканет на друга свадба во истото време, обидете се да бидете флексибилни и да го пренасочите датумот.
- Испратете покани до вашите гости. Кога веќе еднаш ќе го утврдите местото на настанот и точниот датум, испратете покани до сите гости. Очекувајте и некои од гостите да се откажат, тоа може да се случи и во последен моемент, како последица на патување во странство, болест, бременост итн.
продожува…
За повеќе информации и консултации обратете се на:
Regent Club – Training Centerтел. 02 / 3119-615
obuki@regentclub.org