Каде русите бараат хотели

by ugostitelstvo.mk

Русите, како народ кој сака да патува, активно користат сервиси за избор и резервирање на хотелско сместување. При тоа тие им даваат предност на интернет страниците кои го имаат застапено рускиот јазик. Популарните меѓународни системи booking и tripadvisor се исто така популарни кај Русите, но не се единствени.

Рускиот јазик, по англискиот, е втор јазик во светот по број на интернет корисници. Најважниот критериум, кој е клучен во изборот на руските туристи, се рецензиите кои се напишани на руски јазик. Колку повеќе руски рецензии, толку повеќе туристите имаат доверба во хотелот за кој се работи. Парадоксот е во тоа што русите сакаат да престојуваат во хотел кој има помалку руски гости, а изборот на хотел тие сепак го прават со помош на руската рецензии. Рецензиите кои се напишани на друг јазик тие најчесто ги сметаат за неважни.

Честопати туристите читаат рецензии за сите хотели на руските портали, а сепак резевациите ги прават на меѓународните сајтови. Изборот на хотел и резервацијата зависи многу од цената која е понудена, но пред да се донесе финалната одлука русите ќе ги прочитаат сите постоечки коментари за хотелите за да бидат сигурни дека тие сакаат да престојуваат токму таму.

Ова се 5-те интернет  страници на кои русите најмногу пребаруваат хотели:

tophotelsTopHotels.ru – Овој сајт се најде на првото место за резервирање бидејки рецензиите се најчесто на руски јазик и само од руски туристи. Независно дали туристите патувале преку агенција или самостојно, тие на крајот од нивното патување 99% ќе го остават својот коментар на оваа страница. Освен можноста да оставите коментар без никакви трошоци, постои и отворен интерфејс кој ви овозможува слободно да разговарате со претставници на хотелот.

otzivruOtzyv.ru – Помеѓу риските туристи втората страница по посетеност на која тие ги оставаат своите совети е токму Otzyv.ru. На овој сајт покрај рецензиите може да се најде рејтинг на хотелите и туристичките оператори, како и форум на кој посетителите можат да разменуваат мислења. Овој сајт не овозможува резервација на сместувачки капацитет, но затоа постои директен линк до booking.com.

tiryTury.ru – Овој сајт нуди комплетна можност за резервација на хотелски капацитети, можност да се прочитаат рецензии и разменување на мислења за хотелите. Додавањето на хотел во каталогот на овој сајт е бесплатно и иако изгледа премногу комплициран, овој сајт нуди многу корисни информации за сите кои се директно поврзани во туристичкиот бизнис (туристички агенции, туристички оператори, хотели, водичи). Рецензиите на овој сајт се само на руски јазик.

Turizm.ruturizmru – Една од најстарите страници на која може да се изврши хотелска резервација и можност да се остави хотелска рецензија и критика е turizm.ru. Со 15 години постоење, оваа страница се има претворено во информациски портал кој е дел од туристичкиот пазар на Русија. На страницата може да се најде најстариот форум на Runet кој подржува и фото галерија. Благодарение на постојаните посетители, овој туристички клуб, покрај барањето на хотели со добар рејтинг, се користи и за комуникација и дружење.

votpuskruVotpusk.ru – Популарна online продавница за туристички услуги. Содржи повеќе од милион страници со актуелни информации, опис на држави, туристички дестинации, хотели, рецензии и информаци за хотелите и понудата која ја нудат. На оваа страница, приватните сместувачки капацитети бесплатно можат да го објават својот оглас.

 

Доколку решите некаде да патувате, а го зборувате рускиот јазик, слободно можете да ги посетите овие пет интернет страници кои ќе ви го олеснат изборот на добар хотел.

 

Слични написи