Каде патувале повеќе од милијарда туристи во 2014

by ugostitelstvo.mk

Во 2014 година на глобално ниво се очекува повеќе од 1,1 милијарда туристи да патуваа низ светот, а воедно тоа ќе  биде и нов рекорд.

Каде патуваа тие среќни луѓе ?

Наведените очекувања кои ги потврди Светската туристичка организација (UNWTO), покажаа дека за 10 месеци оваа година патувале 978 милиони туристи, или 45 милиони туристи повеќе од минатата година.

Оваа организација исто така прогнозира глобалниот туризам во 2015 година да се зголеми за 3 проценти споредбено со 2014 година.

47632548854a19fd6a0f05767751453_v4 big

Како една од најпосетените туристички дестинации за 2014 година се очекува да биде Европа која држи 50 проценти од вкупната бројка на странски посетители, иако во првите 10 месеци од оваа година забележале минимален пораст од 4 проценти споредбено со некои други светски земји.

Притоа на стариот континент најголем туристички пораст, од 7 проценти забележале северна Европа и јужниот медитеран со посети на Грција, Португалија, Шпанија и Малта. Со минимален пораст од 2 проценти забележа западна Европа додека пак во средна и источна Европа посетеноста е иста какоа и изминатата година.

-Регионот со најголем пораст и посетеност од странски туристи за 9 проценти забележаа Северна и Јужна Америка кој според Светската туристичка организација е еден од најдобрите резултати за САД во последните 10 години.

139512274554a19fd826bd9640533562_v4 big

Австралија и Нов Зеланд како главни туристички дестинации на Океанија забележале пораст за 6 проценти, додека пак во југоисточна Азија раст од само 2 проценти споредено со 2012 и 2013 година.

Ова е знак на пораст за 4,7 проценти во споредба со 10-те месеци од изминатата година, а задржување на ваквиот пораст се очекува до крајот на 2014 година, со кое што бројот на странските туристи во светот ќе надмине 1,1 милјарда, објави Светската туристичка организација (UNWTO).

Слични написи