Измени на закон: Ќе се категоризираат приватните соби, хостели и семејни хотели

by ugostitelstvo.mk

Оваа категоризација треба да овозможи намалување на сивата економија кај физичките лица кои вршат угостителска дејност и промоција на индивидуалните сместувачки капацитети во сите туристички места во државата, пишува Вечер.

Категоризацијата истовремено ќе овозможи да се реализира владиниот проект наменет за категоризација на индивидуални сместувачки капацитети и он-лајн платформа за следење и промовирање на овие капацитети. Министерството за економија, пак ќе располага со податоци на државно ниво за сите категоризирани објекти на физички лица кои нудат услуги за сместување, но и за нивен понатамошен развој, промоција и афирмација.

Сите овие новини се дел од измените во Законот за угостителска дејност кои што по одобрување од Владата се влезени во собраниска процедура.

Единиците на локалната самоуправа, односно општините исто така ќе имаат обврска два пати годишно да доставуваат податоци до Министерството за економија, за категоризирани објектите на физички лица кои нудат услуги за сместување.

По барање на градот Скопје и околните скопски општини ќе се воведе и правен основ за водење постапка за издавање решенија за упис на физичките лица во регистарот што го вршат угостителска дејност. Тие според законските одредби ќе бидат регистрирани во посебен регистар што го води градоначалникот на општината, а во градот Скопје кај градоначалникот.

NY-Soho-2.2-DeluxeGuestRooms-Header

Законот предвидува физичкото лице задолжително да има доставено пријава до Државниот пазарен инспекторат за исполнети минимално – технички услови, доказ за сопственост, доколку се работи за физички лица кои вршат угостителски услуги за сместување во куќи, апартмани и соби, доказ за сопственост, или доказ за правото на користење, доколку се работи за селски домаќинства во кои се даваат услуги на издавање соби и апартмани. Истовремено треба да има и доказ за платена административна такса во износ од 50 денари.

Градоначалникот на општината со законските измени се обврзува регистерот за категоризираните угостителски објекти на физички лица еднаш годишно да го доставува до Министерството за економија, а два пати годишно да доставува извештај за промените во регистарот исто така до ресорното министерството.

Слични написи