HACCP МОРА ДА СЕ ОДРЖУВА И ДА СЕ УНАПРЕДУВА

by ugostitelstvo.mk

HACCP системот е одамна востановена работа и наместо за него, веќе треба да збруваме за други, понапредни системи на контрола на храната што ги бараат странските пазари, истакна денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. На завршната работилница „Интензивирање на имплементацијата на HACCP  во угостителските објекти во Република Македонија” во Сојузот на стопански комори, Поповски подвлече дека сите компании го имаат имплементирано HACCP кој е законска обврска, но тоа не е доволно.Системот мора постојано да се одржува за што се неопходни вложувања, особено во човечки ресурси.

haccp ok okАгенцијата за храна и ветеринарство редовно врши инспекциски контроли преку кои воедно даваме насоки и компаниите увидуваат дека треба да одат чекор напред, да го надоградуваат , но и да имплементираат други системи за квалитет и безбедност на храната зашто само така ќе можат успешно да ги пласираат своите производи дома и на странскиот пазар. Во спротивно, ќе тапкаат во место, конкуренцијата ќе ги надмине, нагласи Поповски.

 

Проверките на терен покажуваат одредени недоследности во однос наHACCP-от и неговата примена. Зависно од прекрошкот, казните се различни и се движат околу 2.000 евра.

Бизнисот смета дека свесноста кај компаниите за имплементирањето на овој систем и неговото континуирано одржување е се поголема.

Имплементацијата на HACCP е процес што треба да го согледа секоја компанија поединечно, потоа индивидуално, со помош на експерти, да ги детектира критичните контролни точки и соодветно да интервенира за нивно отсранување, напомена Александар Зарков, координатор на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори, додавајќи дека за секоја успешна и професионална компанија, HACCP системот е неопходна мерка.Заменик претседателот на Агро-бизнис комората Горан Ѓорѓиевски потенцира дека воведувањето HACCP е веќе завршена работа, но неговата следливост понатаму е важна и тоа треба да се контролира.

LidijaСекоја компанија има задолжен човек кој секојдневно прави запизи на техничката опрема која има директен контакт со храната. Притоа, има одредени процедури кои дисциплинирано и одговорно треба да се почитуваат, рече Ѓорѓиевски.

Комората интензивно и континуирано соработува со Агенцијата за храна за што има потпишано и Меморандум за соработка.

На денешната работилница и претходеа 12 во Скопје и уште по една во Велес, Куманово, Прилеп, Куманово, Охрид, Струга, Дојран, Штип, Тетово, Гостивар и Струмица. Учествуваа преку 1.100 претставници од угоститетлските објекти, како и од кујни на градинки, основни училишта и средношколските домови. Изгтовен е и Водич за импементација на ХАЦЦП во угоститетелските објекти.

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Слични написи