Герила маркетинг во угостителството (трет дел)

by ugostitelstvo.mk

Маици со вашето лого

Печатење на маици со впечатливо лого на вашиот ресторан или бар, кое ќе ја опише вашата понуда, може многу позитивно да влијае на вашата работа. Овој начин е еден од најстарите и најуспешни техники во герила маркетингот, па затоа направете маички, поделете колку можете и увидете ја разликата. Немојте никогаш да заборавите на еден мал дел од маицата да испечатите ваш контакт телефон.

Обележете го вашиот автомобил и рекламирајте се мобилно

Тоа што можете да го направите со маиците можете и на вашиот автомобил. Ќе го добиете истиот ефект на рекламирање, а сè што ви е потребно е едно добро впечатливо лого и слоган, па истиот принцип можете да го примените и на велосипедите.

AlwaysFirstFedEx

Поделете флаери на фреквентни места

Флаерите кои ги имате изработено искористете ги разумно, тие можат да кажат многу повеќе за вас и вашиот бизнис. Најдобрите локации кои можете да ги искористите за промовирање на  вашето работење се автобуските станици и фирмите кои се во вашето опкружување. Ова се местата каде вие секогаш треба да ги имате оставено вашите флаери и на тој начин вие се рекламирате offline.

Користете интересни слики и видео

Вашите слики и видеа кои имаат интересна содржина, а го содржат и логото на вашата фирма, телефонскиот број, адресата и доколку имате интернет страница, треба да ве претставува вас и вашиот ресторан на многу креативен начин. Погодно место за презентирање секогаш е белата позадина, а најважно во овој тип на презентирање е секогаш, како и со флаерите, да ги бирате фреквентните локации.

Маскота

Маскотите секогаш се главна атракција во рекламирањето, независно за каква реклама станува збор или тип на бизнис кој го рекламирате. Без разлика на годишната возраст, сите сакаат да се сликаат со нив. Истражувањата покажуваат дека една од најдобрите тактики за рекламирање е поставувањето на маскота на фреквентен пат, а кога имате некои поголеми настани во вашиот бар или ресторан (промоција на нов пијалок или јадење) маскотата можете да ја искористите да го служи јадењето или пијалокот.

guerilla-mascot

Искористете ја можноста за несекојдневно пакување

Доколку промовирате ресторан кој врши достава, можностите за рекламирање се безбројни. Една од тие можности е пакувањето на храната која ја доставувате. Тоа треба да биде поразлично и попрактично она на вашата конкуренција.

 Оставајте пораки

Налепници, попознати како стикери, можете да залепите во кино или било каде во јавниот простор во трговските центри каде што постојано има народ. Не заборавајте дека зборуваме за герила маркетинг во угостителството, па секогаш понудата која ја рекламирате треба да биде креативна и рекламирањето да биде со една единствена порака.

222

Дали герила маркетингот е легален

Секако дека герила маркетингот е легален, ако се прави на вистинскиот начин во согласност со градските прописи. За жал, во некои држави овој тип на меркетинг се практикува на нелегален начин и се прекршуваат сите прописи преку лепење на плакати во големи количини и без никаков ред и правила. Најголем проблем на локалните власти, поврзан со герила маркетингот, се графитите кои најчесто можат да се најдат на асфалт и бели површини на кои е забрането било какво рекламирање. Немојте вие, како потенцијален угостителски објект со високи стандарди, да дозволите да бидете запаметени како ресторан кој што ја ги ставал својата реклама на забранети места.

 


За повеќе информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
obuki@regentclub.org

 

 

Слични написи