ГЕРИЛА МАРКЕТИНГ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО (втор дел)

by ugostitelstvo.mk

Три златни правила на герила маркетингот

Ова се трите златни правила кои треба да ги почитувате доколку сте решиле сериозно во промовирањето на вашиот ресторан да користите герила маркетинг:

  • Никогаш не почнувајте без план припремајте се минимум 6 месеци однапред. Нека вашиот план го содржи тоа што вие сакате да го добиете, искористете го времето за планирање максимално за да ги добиете посакуваните резултати.
  • Немојте никогаш да се откажете и да кажете “НЕ”. Секој труд ќе донесе резултати, бидете стрпливи.
  • Никогаш немојте да престанете да се рекламирате вие и вашиот објект со услугите кои ги нудите.

Герила маркетингот во угостителството може да ви помогне во подобрување на вашата работа од 50% до 200% доколку се  изработи на вистинскиот начин и со вистинската тактика. Во герила маркетингот постојат многу неконвенционални маркетинг тактики, а следниот пример е само еден мал дел од тие тактики.

Смислете причина зошто луѓето да зборуваат за вас

Размислете на вашите постојани гости и на вашите најдобри гости. Што им се допаѓа во вашиот објект, што е тоа што го порачуваат најчесто кога се сами или пак со партнер, кој им е омилен пијалок, сето тоа е многу важно во создавање на една нова понуда или пак промоција во вашиот објект. Имате премногу начини како вие да изненадите со помош на герила маркетингот, гостите можат да останат без зборови и незапирливо да ве рекламираат на нивните најблиски пријатели кои може да бидат потенцијални гости. Доколку ова ви успее сите ќе зборуваат за вас и никој нема да остане рамнодушен на вашата креативност и иновативност, потрудете се да им останете на клиентите во добро сеќавање, само така вие ќе бидете препорачани.

E-mail кампања и интернет рекламирање

restaurant-blog-image

Електронскиот маркетинг е најисплатливиот и најкористениот начин на рекламирање во денешницата, па така вие можете да го користите интернет рекламирањето да им кажете што нуди вашиот објект и да ја поставите вашата понуда. E-mail пораките се лесни и едноставни за составување, а за да ги пратите вие не треба да одвоите никакви средства, пораката која ја праќате потребно е да биде јасна и кратка.

Овие се трите совети ќе ви помогнат да напишете успешна порака:

  • Напишете порака со која гостите ќе се чуствуваат пријатни и добродојдени.
  • Пораката нека биде кратка и јасна но со добра содржина.
  • Во пораката поставете и прашање, тоа нека биде исто како разговор во четири очи
  • Завршете ја пораката со поздрав

На овој начин вие треба да комуницирате со гостите кои се постојано во вашиот објект или пак го посетиле барем два пати. Најважно  е да се комуницира, доколку не го правите тоа гостите можат да ве заборават.

Исто така како рекламна алатка можете да ги користите најпознатите социјални мрежи како што се:

  • Facebook
  • Google Plus
  • Twitter
  • Instagram

Сите овие алатки вас ќе ви помогнат да постигнете значителни резултати во вашето работење, а еве ви неколку причини плус зошто да користите некои од нив.

  • Друштвените мрежи имаат вкупно 940 милиони корисници
  • Седум од десет корисници се активни на една од социјалните мрежи
  • На Facebook месечно се споделени 30 милјарди содржини
  • Twitter просечно има по 200 милиони твитови дневно

Како една моќна алатка на рекаламирање која се користи се почесто е видео маркетингот во угостителството. Познато е дека сликата може да каже многу повеќе од илјада зборови, а квалитетниот видео запис кој е интересен и креативен може да привлече многу нови посетители во вашиот ресторан.  Затоа пробајте нешто различно секој ваш нов видео запис споделете го на социјалните мрежи и пренесете јасна порака.


За повеќе информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
[email protected]

Слични написи