Aizian ја заслужи првата мишелин ѕвезда

by ugostitelstvo.mk

Ресторанот Aizian, по вложениот труд и долгото чекање, во Марбела беше награден со првата мишелин ѕвезда, од страна на претставникот за Шпанија и Португалија.

Michelin Guide ова признание му го додели на главниот готвач José Miguel Olazabalaga, кој со својот тим уште од 2003 година се грижи за совршеноста на ресторанскиот објект и услугата.

Со своето долгогодишно искуство во светот на гастрономијата, овој баскијски готвач, своите способности ги има усовршено во престижните ресторани како што е Goizeko Kabi, Zalacaín и Andra Mari. Како награден за најмлад готвач во 1998 година и освојувач на наградата за најкреативен оброк, José е готвач кој покрај декорацијата секогаш се труди храната која излегува од кујната да го добие совршениот вкус и мирис, а тоа е и главната причина за оваа мишелин ѕвезда.1416515186_560229_1416515405_noticia_normal

Овој модерен ресторан е вистински израз на најдобрата Баскијска кујна, прогласен како “Kilometre Zero” ресторан за употребата на Slow Food продукти кои се од органско и локално потекло, можат да биде горд носител на наградите кои во иднина ќе му бидат доделени.627__DSC4065

Ресторанот е отворен во 2003 година, остава впечаток на топла и стилска атмосфера, декориран со дрво со што потсетува на кутија за пури и со директен поглед на паркот Касилда.

Слични написи