8 неуспешни ланци на американски ресторани

by ugostitelstvo.mk

Во светот постојат многу ланци на ресторани но некои од нив завршиле неславно.

  • Sambo’S Restaurants

10

Според идеата на Sam Battistone и Newell F. Bohnett да отворат ресторан во Santa Monica во далечната 1957 година, тие направиле комбинација од првото има Sam и првите две букви од презимето на Newll. Овој бренд имал голем успех со 1117 ресторани ширум САД. Сепак финансиите на компанијата почнале да се намалуваат по спорот за името на овој бренд. Денеска постои само еден ресторан со ова име кој сеуште работи во Santa Barbara, California.

  •  Burger Chef

11

Во 1958 година бил отворен ресторан со зачудувачка технологија, можноста да испорачаат 800 хамбургери за еден час, кој тогаш бил побрз и од McDonald’s . Во партнерство со General Equipment овој ланец на ресторани имал вкупно 1200 објекти, а биле и првите кои почнале во 1973 со продажба на оброк за деца кој вклучувал играчка и наречен “Fun Meal“, додека шест години подочна идеата била “позајмена” на McDonald’s, а тие ја нарекле “Happy Meal“.

  •   Steak and Ale

2

Првиот ресторан во Америка во кој салатата се послужувала на принцип само послужување, замислен од страна на Norman Brinker во 1966 година во Далас, не се покажал како најдобра инвестиција. Десет години подоцна овој ланец на 109 ресторани во 24 држави бил продаден на компанијата Pillsbury.

  •  Childs

3

Childs e еден од рестораните кои имаат голема улога во развојот на американското јадење. Имено, во далечната 1989 година, првиот ресторан на овој ланец кој бил отворен во центарот на Њујорк нудел ниски цени во споредба со останатите ресторани кои имале енормно високи цени дополнително овој ресторан се карактеризирал со извонредна храна добар ентериер и одлична хигиена, и во 1930 прераснал во првиот национален ланец на ресторани кој под себе има 125 ресторани ширум САД.

  •    White Tower

4

Ланец на ресторани познат како White Tower кои ја започнале својата работа во Minneapolis во 1926 година како бесрамен плагијат на White Castle, имале отворено повеќе од 120 ресторани пред да бидат тужени од страна на White Castle во 1930 година. Спорот помегу овие два ланци бил решен со исплата од $82.000 на White Castle.

  • Chi-Chi’s

5

Првиот Chi-Chi’s мексикански ресторан, отворен во центарот на Minneapolis во 1975 година, бил еден од најдобрите ресторани со заработка од 2 милиони долари за една година. Основачите Marno McDermott и Max McGee’s немале никаква конкуренција на средниот запад и до 1986 година биле сопственици на 237 ресторани од кои 24 биле отворени во 1985. Од тој момент целиот бизнис почнал да оди во надолна линија.

  •  Lum’s

6

За големиот успех на ланецот Lum’s познат по продажба на хот-дог, отворен на Miami Beach од страна на семејството Pearlman во 1956 година зборуваат 400 ресторани отворени на различни локации ширум САД. Заштитен знак на овој ланец биле виршлите барени на пареа од пиво, кој се покажал како успешен. Овој ланец во 1978 бил купен од компанијата Wienerwald, кој објавиле стечај неколку години подоцна.

  •  Kenny Rogers Roasters

7

Синџир на ресторани отворен од страна на пеачот Kenny Rogers во 1991 година, кој располагал со 425 ресторани за печено пилешко, не се покажал како успешен бизнис споредбено со неговата кариера во пеењето на кантри музика. Ланецот подоцна бил купен од страна на компанијата Nathan’s, кои во 1998 година објавиле банкрот.

Слични написи