Водката спаѓа меѓу најпродаваните алкохолни пијалоци во светот и е позната како една од главните состојките на многу коктели. Сепак некои ја гледаат водката како пијалок без мирис, тешка за пиење и пијалок за тинејџери.
-Вистината е: Vodka is a generous spirit that likes to kick off its shoes and let the other ingredients do the talking.
Овие пет коктели ќе и дозволат на водката да го направи тоа што е потребно од нејзе.
-
Moscow Mule
Подготовката на овој коктел кој се послужува во истата чаша во коja и се подготвува, никогаш не може да биде полесна, a од вас се бара само да уживате. Потрени состојки се:
- водка
- пиво од ѓумбир
- сок од лимон
-
The Ascot
Кој рекол дека водката тешко се меша со обоените пијалоци? Измешајте ја водката со коњак, а вермутот како софистициран пијалок потребно е да го конзумирате во мала количина.
-
Lemon Drop
Овој коктел е киселкаст но веројатно и еден од првите коктели со водка кој вие сте го пробале. Не се откажувајте од пијалокот кој ќе ве потсети на тинејџерските денови.
-
Floral
Не знаете како да ја искомбинирате водката во вашиот коктел. Еве ви предлог, погледнете во вашиот двор и земете рузмарин, мајчина душица и краставица. Овој пијалок е наменет за сите што сакаат брзо да се освежат.
-
French Martini
Листата на коктели кои содржат водка не може да се затвори без Мартини. Овој коктел кој содржи три состојки е најлесен за подготовка, а потребно ви е:
- водка
- црна рибизла
- сок од цитрон