1. Вашето мени треба да биде оригинално
Идеалното мени треба да нуди баланс помеѓу нови, уникатни порции и добро познатите, класични јадења. Земете го за пример бургерот. Може да го понудите класично подготвен или пак дополнет со кашкавал. Или можете да му додадете сос кој е типичен за вашиот ресторан. Направете уникатна плескавица која ќе ја дополните со пире од авокадо, како што го прават тоа во мексичките ресторани.
2. Вашето мени треба да биде разновидно
Ова значи дека ни една ставка на вашето мени не треба да стои сама. Односно, ако вашиот ресторан нуди јастог, тогаш треба да го вклучите јастогот и во другите јадења. На пример, ако не продавате ролнички од јастог, неискористеното месо може да се расипе, а фрлањето на храна од ресторанската кујна, е исто како фрлање на пари.
3. Вашето мени треба да има точно одредени цени
За да имате профит и истовремено пристапни цени за потрошувачите, секој елемент од вашето мени треба да има цена, која го утврдува точниот износ за подготвувањето на храната. Скапи состојки (како погоре споменатиот јастог), значи скапо мени. Тоа не значи дека храната што ја порачувате треба да биде најевтината, бидејќи квалитетот е најважниот аспект во припремање на менито, но треба да направите баланс помеѓу високите и ниските трошоци за храна.
4. Вашите ставки од менито треба лесно да се подготвуваат
Ништо нема повеќе да ја заглави кујната во ресторанот од комплексно мени кое бара многу време за подготовка на храната. Јадењето од менито треба лесно да се подговти на самото место; или можност да се подготви пред време, па подоцна само да се подгрее.
5. Вашето мени треба да има формат лесен за читање
Фонт кој е тежок за читање или премногу текст во менито ќе му го отежни престојот на гостинот. Дизајнот на менито нека биде едноставен, а избегнувајте и користење на кулинарски жаргони.
6. Вашето мени треба да биде лесно за ракување
Небото не е вашиот лимит кога станува збор за големината на менито. Избегнувајте да нудите премногу долги листи на јадења, инаку неминовно ќе треба да фрлате храна на крајот од вечерта. Исто така, имајте предвид каква храна вашата кујна има можност да произведе, на пример салати, супи , скара, печива и сл. …
7. Треба да знаете кога да го обновите вашето мени
Менито не треба да биде лимитирано никогаш. За да бидете во тек со вашите трошоци за храна и да бидете во чекор со останатите трошоци за ресторанот, треба да го ажурирате менито најмалку еднаш во годината. Тоа не значи дека одново треба да го пишувате менито, туку само да бидете сигурни дека цените се онаму каде што треба да бидат, односно, да се тргнат оние ставки од менито кои не се продаваат.
8. Треба да знаете што да избегнете во вашето мени
Има листа на работи кои треба да се избегнуваат на менито. Како на пример фонт кој тешко се чита или премногу описен јазик. Запомнете, вашето мени е амбасадор на вашиот ресторан!
9. Треба да знаете кога да понудите фиксно мени во ресторанот
Празници како Ден на мајката или Ден на вљубените често заслужуваат посебно мениа. Специјално подготвеното мени, со фиксни цени и помалку опции за избор, овозможува пократок временски период на подготвување на оброкот, а со тоа се задржува и редот во кујната при зголемена динамика на работа. Дури и да не е празник, посебно подготвеното мени е одлично за промовирање на ресторанот кога „бавно“ работи. Награди од типот „две-за-едно“ во менито, се одлични за примамување на гости низ вашата врата.
10. Прочитајте го вашето мени
Пред да го испечатите менито, прочитајте го детално и побарајте уште една или две личности кои ќе го сторат истото, за да ги корегирате евентуалните грешки.
За повеќе информации и консултации обратете се на:
Regent Club – Training Centerтел. 02 / 3119-615
obuki@regentclub.org