Зошто не треба да јадете брза храна

by ugostitelstvo.mk

Конзумирањето на брзата храна е главниот виновник за вишокот килограми кај човекот. Децата кои редовно ја конзумираат брзата храна се соочуваат со зголемен степен на масти, јаглени хидрати и преработен шеќер. Вишокот килограми го зголемува ризикот за кардиоваскуларни заболувања, дијабетис и други хронични заболувања.

brza-hrana

 

Нивото на инсулин се покачува кога се конзумираат преработени шеќери. Тие се застапени и во безалкохолните пијалоци. Конзумирање на брза храна во текот на еден ден предизвикува хронично високо ниво на инсулин, кој на крајот ги поттикнува клетките да го игнорираат овој битен хормон, што резултира со состојба позната како инсулинска резистенција.

image001

 

Процесот на обработка низ кој поминува храната ги губи најголемите витамини, минерали како и растителните влакна. Овој тип на храна, со самиот овој процес станува извор на калории кои не содржат никаква хранлива вредност. Луѓето кои ја конзумираат оваа храна најчесто чуствуваат недостаток на енергија.

Diet

Високото ниво на натриум е главната дефинирачка карактеристика на брзата храна и еден од факторите за прекумерена конзумација на сол.  Овој тип на исхрана е резултат за висок крвен притисок, бубрежни и срцеви заболувања.

Слични написи