Westvleteren XII – најдоброто пиво во светот

by ugostitelstvo.mk

Пиварата Westvleteren Brewery е основана во 1838 година, во манастирот Saint Sixtus, кој се наоѓа во БелгијаМонасите од овој манастир во 1831та година отпатувале до францускиот манастир Catsberg, каде го основале Sixtus Abbey. Седум години подоцна започнале со производство на пивото, а во 1931 година,тие дозволиле пивото да се продава и во околните градови.

15тина години подоцна,  St. Bernardus Brewery добила лиценца за производство на ова пиво, под името Saint Sixtus. Лиценцата на оваа пивара траела до 1992 година.
20120817_187-2000

Пивото денеска 

Како што поминуваат годините се менувале многу стандарди и правила, па монасите морале да ја обноват својата застарена опрема, за да обезбедат финансии за понатамошно производство. Така пијалокот бил достапен на пазарот во САД на одреден временски период, бидејќи не сакале да го направат овој производ комерцијален и достапен постојано.

Иако многу ретко можете да го најдете ова пиво, со секоја негова продажба средствата се користат за помагање на монасите и манастирите. На порталите за пиво, Westvleteren XII е рангиран како број 1 пиво во светот.
DSC_0557-1500

Слични написи