Варењето – тајната за одлично кафе

by ugostitelstvo.mk

Повеќе од било што друго, варењето одредува колку добро ќе биде вашето кафе. Варењето го објаснува процесот на повлекување на вкусот од секое зрно кафе. Тоа е причината што водата во кафето најпрво е безбојна, а потоа станува кафена. Како штo поминува водата, талогот од кафето ги испушта сите состојки, кои се слеваат директно во вашиот филџан. Еве го трикот: некои од овие состојки имаат одличен вкус, но останатите се помалку пријатни. За да ги добиете добрите состојки и вистинската количина од нив, треба правилно да се свари кафето, во точна количина на вода. Со премалку вода, вашето кафе ќе остане недоварено, со премногу, ќе биде преварено.

Имајте на ум дека варењето не е исто со интензитетот на кафето (кој варира во однос на тоа колку кафе користите, за одредена количина на вода). Вистината е дека може да добиете недоварено, а јако кафе, односно послабо, од преварено кафе.

Ќе се задржиме на варењето на самото кафе. Тоа што ви е потребно е:

– Она што вообичаено го користите за варење на кафето ( на пр. филтер кесички).

– Кафе кое може да биде : крупно мелено, нешто помеѓу и фино мелено.

Откако ќе го сомелете кафето, обидете се најдобро што можете да го сварите, одржувајќи постојана температура.

Крупно меленото кафе, потешко се вари и потешко се ослободуваат прородните ароми и вкусови, што резултира со кафе кое има кислекаст вкус.

Фино меленото кафе полесно се вари и ослободува поголема количина на кофеин и јаки состојки. Резултатот е кафе со горчлив и остар вкус.

Кафето кое во составот е помеѓу крупното и финото,при варењето ослободува доволно количество од природниот екстракт, а тоа значи дека нема да биде киселкасто, ниту пак горчливо. Ако го сварите добро, кафето ќе има природно сладок вкус.

Следниот пат кога ќе приготвувате кафе, пробајте да го одредите вашиот вкус. Без разлика дали сакате голтката кафе да ви биде блага, горчлива или килекаста, прилагодете ја според сопствената желба.

На здравје!

 

Слични написи