Здружението на гастроними „Гастро Кутак“ беше домаќин на третиот Меѓународен фестивал за гастрономија „Босански Дукат“, во Сарево. Манифестација се одржа во хотелот Холидеј, Сараево, а траеше од 28ми до 30ти ноември 2014 година.
Фестивалот го посетија 15 земји вклучувајки ги: Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Романија, Полска, Италија, Украина итн. Судиите за натпреварите беа најдобрите готвачи и познавачи на кулинарската уметност од Босна и Херцеговина, но имаше и судии од странство.
Натпреварите се одржаа во две категории главна цел на овој натпревар беше да се промовира домашната храна и винската индустрија. За време на оваа манифестација присуствуваа повеќе од 1000 посетители. Како дел од манифестацијата на 29ти и 30ти ноември беа промвирани „Vinske ceste Hercegovine” и „Put Vina“ . Оваа дводневна презентација ја искористија за промовирање на премиум вина кои беа презентирани од страна на 20 врвни винарии од Босна и Херцеговина. Настанот имаше за цел да промовира култура на вино и производството на вино во бившите Југословенски простори.
Интересот кој што го покажаа учесниците, медиумите и посетителите покажа дека „Боснски Дукат“ започна убава традиција која ќе помогне во промоција на фестивалскиот туризам на градот и ќе ја збогати туристичката понуда на Сараево и Босна и Херцеговина.