Топ 20 факти за пивото

by ugostitelstvo.mk
  1. “Пивото е доказ дека Бог не сака” – Бенџамин Френклин.
  2. ZYTHOLOGY е термин кој се користи во производството на пивото.
  3. Најстариот пронајден рецепт се користи и денес. Напишан бил на камена плоча повеќе од 5000 години во форма на песна.
  4. Најстарата реклама за пиво била нацртана на глинена плоча 4000 п.н.е. Нацртана била жена како носи две кригли со пиво, а имало натпис “Пијте Ебла пиво – пиво со лавовско срце”.
  5. Првите професионални пивари биле жените.
  6. Хмељот кој се користи во производството на пиво е во истата фамилија како и марихуаната (Cannabaceae).
  7. 2000 години п.н.е регистрирано е првото возење под дејство на алкохол. Во древниот Египет бил фатен пијаниот возач кој ја прегазил божицата Hathor. Тој бил распнат пред вратата од кафаната во која се напил.
  8. Кога прв пат британските пивари пратиле пиво во Индија, од долгото патување пивото се расипало, што било причина да се стави алкохол и хмељ. Така се добило и новото алкохолно пиво Pale Ale (IPA).
  9. Денес постојат повеќе од 400 врсти на пиво.
  10. CENOSILLICAPHOBIA е страв од празна кригла.
  11. Најскапото пиво е Vielle Bon Secours ($1000) од шише, а може само да се купи во Лондон.
  12. Се претпоставува дека аграрната револуција започнала затоа што народот барал начин како да се зголеми производството на пиво. Со ова се открило орањето и наводнувањето.
  13. Најстарите пивари на светот се: Bayerische Staatsbrauerie Weihenstephan во близина на Münchena, основани во  1040 година.
  14. Пивото ги содржи сите потреби минерали кои му се потребни на човекот за да преживее. Во средниот век пивото го конзумирале и децата како извор на енергија и хранливи состојки.
  15. Пивото ве прави попаметни. Истражувањата објавени во New England Journal of Medicine покажале дека жените кои пијат пиво имаат поголема способност за помнење од оние кои не пијат пиво воопшто. Со пиењето на пивото се зголемува HDL холестеролот кој го намалува ризикот д срцеви заболувања.
  16. Производството на пиво се смета дека била благородна професија за жена. За една жена од древниот Перу да произведува пиво било потребно таа да биде убава и да е од благородничко потекло. Додека во Египет на мажите им било забрането да произведуваат и продаваат пиво.
  17. Бабилонскиот крал наредил дека сите треба на да пијат одредена количина пиво, која била одредена според социјалниот статус. Исто така тој наредил дека секоја жена што ќе послужи расипано пиво истата да биде удавена.
  18. Чесите пијат најмногу пиво по глава на жител од било кој друг народ на светот, САД се втори по испиена количина, додека пак во Кина последните две години се испиле 350 милиони хектолитри пиво.
  19. Првата лименка пиво е произведена 1935 година. Поради намалената посета на пабовите и пивниците, пиварите морале да најдат начин како да го дистрибуираат пивото во домовите.
  20. Ако го читате текстот и не добивате желба за кригла пиво, можеби треба да се обидете со вино.

Слични написи