Тиквешки фестивал на младо вино

by ugostitelstvo.mk
Винарската визба Тиквеш  во Кавадарци  на 15-16ти ноември го одржа „Тиквешки фестивал  на младо вино“
Otvaranje-festivala-Marko-Stojaković-enolog-Igor-Ilijevski-direktor-Tikveš-vinarije-Svetozar-Janevski-Predsednik-upravnog-odb
Овој фестивал се одржува по петти  пат од страна  на  винарската визба „Тиквеш“,  кои се првите организатори на  настан од ваков тип  во регионот.

Во текот на фестивалот се отвараа бочви од овогодишната берба и прва проба на младото вино. Гостите има можност да дегустираат 15 видови на вина со најароматичен и најдобар квалитет од бербата извршена оваа година. Винарската визба ја искористи оваа прилика да дадат оценка за квалитетот на виното, но и да се разменат искуства со останатите од винската индустрија. Присутните се уверија дека „Тиквеш“ и оваа година направи вино со одличен квалитет.
Rade-Šerbedžija-Svetozar-Janevski-i-Vlatko-Stefanovski
Традиционално и оваа година на фестивалот беа присутни амбасадори, луѓе од светскиот бзинис, љубители на доброто вино, но и познати личности од целиот регион. На манифестацијата присуствуваа музичарот Влатко Стефановски, глумицата Катарина Радивоевич, а присутен беше и глумецот од светски размери Раде Шербеџија, кој е познат како љубител на македонското вино.

Слични написи