Училиште за професионални познавачи на вино (сомелиери)

by ugostitelstvo.mk

Во организација на Здружението на сомелиери од Војводина ( УСВ), се обезбедуваат обуки за сите кои сакаат да станат сомелиери или пак професионалци во трговијата со вино. Голем број на членови од УСВ кои успешно ја имаат завршено обуката веќе работат во престижни ресторани низ целиот свет, како и на туристичките крстосувачки бродови. Обуката е целосно поддржана од Здружение на сомелиери од Србија (СЕРСА) и Интернационалното здружение на сомелиери (АСИ), а предавањата се одржуваат два до четири пати годишно во Нови Сад, Војводина и Суботица.

Комплетната обука има времетраење од 80 часa, односно 64 часа, кои се одржуваат два пати во неделата. Во периодот на предавањето студентите одат во посета на винариите и винарските визби во Србија.

wine_glasses_vinomania

Групата се состои од 10 до 20 слушатели, кои имаат можност за време на обуката да дегустираат 120 различни вина од регионот и од светот.

На крајот од обуката, студентите имаат завршен испит кој се состои од теорија и практична работа. Студентите кои ќе го положат тестот добиваат меѓународно признат сертификат за успешно завршено училиште за сомелиери и со тоа стануваат членови на СЕРСА.

Тренинг програмата е поделена на три дела:

Дел 1

  • Вовед, историја на виното, запознавање со сомелиерството
  • Основи на лозарство
  • Основи на производство на вино
  • Техники за дегустација на вино

Дел 2 (Вински региони)

  • Франција – запознавање и класификација
  • Франција – Бургунди и Шампањ
  • Франција – Алзас, долините Рон и Лоар и останатите региони
  • Италија
  • Шпанија и Португалија
  • Германија, Австрија и Унгарија
  • Земјите од регионот (поранешните Југословенски земји, Централна и Југоисточна Европа)
  • Америка, Австралија, Јужна Африка и Нов Зеланд

Дел 3 

  • Послужување на виното
  • Вовед во гастрономија
  • Вино и храна
  • Бар и барско работење
  • Алкохолни дестилати
  • Програма за подобрување на комуникација со гости
  • Запознавање со пури, потекло и квалитет

Слични написи