Се отвора првото „Hard Rock Cafe“ во Подгорица

by ugostitelstvo.mk

За прв пат на бившите Југословенски простори пристигнува светскиот угостителски бренд „Hard Rock Cafe“, кој ќе биде отворен во Подгорица, Црна Гора. Овој светски познат бренд се очекува да биде во потполна функција до крајот на 2014 година. Угостителскиот објект ќе биде лоциран во комплексот „Атлас капитал центар“.

Првото „Hard Rock Cafe“ е отворено во 1971 година, во Лондон, кoга Американците Ајзак Тигрет и Питер Мортон, во потрага по добар хамбургер, отвориле сопствен ресторан, кој го нарекле „Hard Rock Cafe“. Ланецот на „Hard Rock Cafe“ во овој момент е застапен во 55 земји, со вкупно 180 локали, меѓу кои 40 кафичи и 9 казина. Од 2006 година овој светски угостителски бренд му припаѓа на индијанското племе Семинол, кои живеат во државата Флорида, САД, кои за 965 милиони ја превземаа оваа светски позната компанија. 

Слични написи