Саем на етно храна и пијалок по 9 ти пат во Белград

by ugostitelstvo.mk

На Белградскиот саем од 26ти до 29ти ноември годинава, се одржа деветтиот Саем на етно храна и пијалок.
Учество на саемот имаа производителите на традиционални производи, градските и општинските власти и индивидуалните произведувачи. На овој саем беа изложени повеќе од 1500 различни производи кои се рачно изработени од органски суровини.

Во 2013 година на саемот учествуваа производители од Србија, Црна Гора, Русија, Романија, Македонија, Италија и Бугарија, а предметите кои што ги изложија беа видени од 5739 посетители. На деветтиот саем се претставија истите земји со зголемен број на производи и квалитетна храна кои ги задоволија барањата на присутните гости.

Целта на настан од овој карактер е презентација на производителот, со цел склучување на договор за продажба со потенцијалните купувачи, пронаоѓање на инвеститори и едуцирање на производителите во областа на стандардизацијата.

Овој настан организаторите го прогласија за успешен затоа што ја претставија традицијата и традиционалниот производ, но и олсенувањето на пазарот за извоз на производи кои што се со заштитена ознака на потекло.

Слични написи