Рене Реџепи, светски готвач со македонско потекло

by ugostitelstvo.mk

Рене  Реџепи, познатиот светски готвач со македонско потекло, е роден 1977 година во Копенхаген, Данска. Татко му е етнички Албанец од Македонија, додека мајка му е од Данска. По неговото раѓање тој со своето семејство живее во Македонија се до почетокот на немирите во Југославија, а потоа повторно се враќаат во Данска.

Откако ќе се одлучи својата кариера да ја гради како готвач тој се вработува во што туку отворениот ресторан Pierre André, во Копенхаген, кој набрзо ќе ја добие и првата Мишелин ѕвезда. Во 2000-та година Рене Реџепи решава да се врати во Копенхаген и веднаш почнува да работи во елитниот ресторант Kong Hans Kælder, кој бил водечки ресторан во средината на 70-тите.

Во декември 2002 година, Реџепи бил контактиран од страна на Мраз Мејер, од кого му  било  понудено да отворат ресторан во Северно Атлантската куќа. Всушност Северно Атлантската куќа бил поранешен магацин од 18 век кој бил претворен во центар на културата за Северно Атлантскиот регионот.

Ресторанот NОМА е отворен 2004 година, Рене Реџепи работи како готвач и е ко-сопственик на овој ресторан кој во моментов поседува 2 Мишелин ѕвездички. Ресторанот се наоѓа во местото Christianshavn, во близината на Копенхаген, во Данска. Реџепи е познат по неговата работа за реинвенција и префинетост на Ново Нордиската кујна и храна која се карактеризира со инвентивност и чисти вкусови.

Награди и признанија:

  • 2006 : 33-ти Најдобар ресторан во светот од Топ 50 ресторани
  • 2007: 15-ти Најдобар ресторан во светот од Топ 50 ресторант
  • 2008 : 10-ти Најдобар ресторан во светот од Топ 50 ресторани 
  • 2008 : Посетителите на интернет страницата Trip Advisor  го оценија ресторанот NОМА како најдобар ресторан во светот.
  • 2008 : Рене Реџепи е наименуван за  меѓународен готвач на годината на конференцијата, Најдоброто од Гастрономијата (Lo Mejor de la Gastronomia) во Сан Себастијан , Шпанија.
  • 2008 година : Рене Реџепи поседува две Мишелин ѕвездички.
  • 2009 : трет најдобар ресторан во светот  од Топ 50 списание Топ 50 и од „Избор на готвачите“
  • 2010 : Најдобар ресторан во светот
  • 2011 : Најдобар ресторан во светот
  • 2012 : Наведен е во Магазинот ”Time’‘ во 100те највлијателни луѓе во светот за 2012г.
  • 2012 : Најдобар ресторан во светот.

 Накратко за ресторанот NОМА

Името на ресторанот NOMA доаѓа од кратенките на данските зборови “Nordisk” (нордиска) и “mad” (храна).
Доколку некогаш го посетите овој ресторан  не oчекуваjте луксузен ентеририер и многу гламур. Ресторанот NOMA всушност однадвор е еден сосема обичен ресторан кој се наоѓа во близината на Копенхаген.

За надворешниот изглед и самиот сопственик се сложува дека и не е нешто за што многу се погрижиле, но кога ќе влезете внатре  е сосема нешто друго. Нешто што сигурно нема да имате можност да го видите на друго место или пак не сте го виделе досега. Овој ресторан по својата специфичност на работењето отскокнува од вообиченото разбирање за работите поврзани со ресторанското работење или со било што друго во угостителството. NOMA едноставно како што вели Реџепи е нешто повеќе, NOMA е приказна, а за да ја разберете приказната треба да се препуштите на тие што работат во ресторанот. Така, кога ќе влезете во ресторанот прво ќе ве пречека персонал кој со посебна учтивост ќе ве поздрави и ќе ви посака добродојде, воедно ќе ве запраша со умерена сериозност дали сте вие еден од оние среќници што добиле резервација за ресторанот кој со гордост  го носи признанието најдобар ресторан во светот.

Откако ќе ве пречекаат љубезно (што се верува дека генетски соспственикот го носи од овие простори, кога станува збор за гостопримството) следи кратка прошетка низ ресторанот односно низ кујната. Таму ќе се сретнете со готвачи кои имаат насмеани лица и за кои ќе добите впечаток дека нивната работа е навистина исполнета со забава.

 

Слични написи