Алкохолот убива по 1 човек на секои 10 секунди!

by ugostitelstvo.mk

Штетното консумирање на алкохолот е причина за смрт на 3,3 милиони луѓе во светот, според извештајот на Светската здравствена организација. 

„Ова всушност значи дека имаме по еден смртен случај на секои 10 секунди“, изјави Shekhar Saxena, шеф на Одделот за ментално здравје и злоупотреба на супстанци, пред новинарите на Global Post, во Женева. 

Во просек секој човек во светот на возраст од 15 години па нагоре, годишно пие по 6,2 литри чист алкохол. Сепак, половина од светската популација воопшто и не пие алкохол, што значи дека оние кои го консумираат, пијат во просек околу 17 литри годишно. 

Мажите почесто се поврзуваат со смртни случаи предизвикани од алкохол, во однос на жените, иако пиењето на алкохол е во пораст и кај женската популација, најчесто кај оние што живеат во социјален ризик, се вели во извештајот. 

Извештајот покажува дека 16% од алкохоличарите земаат учество во пијанки, кои се најопасни форми на консумирање алкохол. Европа има најголема потрошувачка на алкохол по жител, но и покрај тоа консумацијата на алкохол е стабилна во последните 5 години. Истото важи и за Африка и Америка, но се чини дека овој процент се зголемува во  Југоисточна Азија и во региони на западен Пацифик. Во Кина се очекува пораст во консумирањето алкохол, по глава на жител, за 1,5 литри до 2025та година. 

СЗО изјави дека сакаат доброволно да се намали консумирањето на алкохол кај граѓаните, за 10 проценти, до 2025та година. 

Слични написи