Градот на романтичарите добива бордел атракција

by ugostitelstvo.mk

Од оваа година во еден од познатите квартови во Париз се одржува вечер на т.н. “Бордел поезија” каде што во интимна атмосфера поети аматери на своите клиенти ќе можат да им рецитираат песни.

Настаните од ваков карактер веќе долго време се одржуваат во рестораните во Пигал, населба позната по најстариот занает во светот. Клиентите можат да го изберат изведувачот на поезијата кој во интимна атмосфера 10тина минути ќе рецитира песна, по свој избор или пак избор на нивниот партнер.

На денот кога се одржува овој настан песните кои се рецитираат не се светски познати поезии, туку песни кои се смислени и инспирирани од самиот момент. Идејата за “Бордел поезија” е родена во Њујорк 2008 година, додека една жена од Калифорнија била присутна на поетска вечер.

– Сакав  да внесам свежа крв во оваа уметност. Шарл Бодлер и Оскар Вајлд беа популарни во своето време. Зошто сега да не ги направиме нашите песни популарни? “ – се запраша Стефани Бергер (30) која е позната како „Мадам“.

“Борделската поезија” се одржува во неколку светски градови познати ресторани и ноќни клубови. Овој настан е доста познат во Чикаго, Лондон, Барселона и Брисел, а сега се одржува и во Париз.

„Ова е природен спој на поезијата и најстариот занает на светот. Ја опфаќаат маргинализацијата, фантазијата, интимноста, желбата и задоволството. Денес е тешко да живеете од поезија, потребна е проституција за да се продаде.“ – оценува „Мадам“.

Слични написи