Охрид, езеро со илјада плажи

by ugostitelstvo.mk

Македонија иако е мала земја сепак изобилува со многу природни убавини кои веруваме дека никого не го оставиле рамнодушен. Сведоци сме на тоа колку туристи годишно го посетуваат „македонскиот Ерусалим“, градот на македонската писменост и култура, градот со илјадници плажи и свети храмови.

Охридското езеро е едно од најстарите езера во светот, кое постои три и пол милиони години. Според последните мерења Охридското езеро е длабоко 200 метри и располага со должина од 30 километри. Езерото е обиколено со илјадници плажи, некои од нив се преодни за сите, опремени со лежалки, реторани и кафичи каде што туристите можат да ги вкусат најубавите македонски специјалитети, да се разладат со коктел и да уживаат во убавините на Охридското езеро. Поголемиот дел од плажите може да се посетат само со брод и се вистински дар од природата.

На туристите кои секојдневно го посетуваат Охрид, во било кој период од годината најголема атракција им се прекрасните цркви, кои го преименуваа Охрид во македонскиот Ерусалим. Тие се 365 на број и поголем дел од нив може да бидат посетени. Исто така се смета дека под секоја охридска куќа се крие мала црква, која што датира од дамнешни времиња.

Охрид има капацитет од 30.000 сместувачки центри од кои 5.000 се од хотелите, а остатокот го сочинуваат приватните сместувања. Цените се движат најчесто во зависност од услугата која што сакате да ја добиете, а минималната цена е 5 евра за кревет.

Најголемиот настан кој го доведува Охрид до својот совршен сјај е „Oхридското културно лето“ кој е традиционален настан, се одржува секоја година на 12 јули и трае до крајот на август. Ова манифестација е една од најстарите културни манифестации со европски размер. Пред секој почеток на овој фестивал се одржува Балканскиот фестивал на народни песни, а во непосредна близина на овој фестивал во Струга се одржуваат „Струшките вечери на поезијата“, кој од година во година има зголемена посетеност од странски туристи.

Слични написи