Нова колекција на луксузни текили

by ugostitelstvo.mk

Norwalk, Conn. во сопственост на Diageo  и Combs Wine & Spirits, во сопственост на Шон Комбс, познат како P.Diddy, познат рапер и претприемач, објавија богато портфолио на алкохол, од луксузниот бренд Deleón Tequila.

Deleón Platinum Tequila е бавно ферментирана и двојно дестилирана чиста текила со агава мед. За време на втората дестилација, главата и опашката на дестилатот се сечат, за да се зачува само најпосакуваната течност, која дава префинет и мазен вкус. Deleón Reposado Tequila има вкус на ванила, сушено овошје и блага жичка на зачин.

deleon

Целосната  Deleón Tequila колекција ќе понуди 6 посебни варијанти, 3 ултра премиум и 3 луксузни, направени 100% од растението Blue Weber agave, кое расте во региониот Los Atlos, Мексико. Platinum и Reposadо варијантите, го преставуваат ултра-премиум брендот кој планира да лансира уште една луксузна линија, од нивната колекција Deleón Tequila Luxury line. Овие луксузни текили ќе се продаваат по цена од 150-850 долари, за 750мл шише.

Слични написи