Неколку работи кои не треба да ги направите во ресторан

by ugostitelstvo.mk

За да го направиме престојот во ресторан  забавен и тоа да прерасне во едно пријатно искуство и покрај основните работи кои што сите ги знаеме, постојат неколку непишани правила кои понекогаш ги занемаруваме, а кои треба да се почитуваат без разлика на околностите.

Работата во ресторан навидум на сите им изгледа лесна и мислат дека улогата на еден вработен е да ги пречека гостите, да ги послужи со храна и пијалок и притоа да стои на страна и да набљудува се до наредното послужување. Но, за жал тоа не е така. Тука следи еден комплексен систем на работење кој за да овозможи совршена услуга и квалитет треба да ги следи резервациите и да внимава на секој гостин да ја добие масата за која предходно направил резервација. Гостите  треба  да бидат послужени со насмевка, да се направи пријатна атмосфера, за тие  да се почуствуваат како да се во своите домови. Понекогаш вработените не се чуствуваат најдобро за да го направат сето тоа, но за да го задржат угледот на ресторанот и да ги донесат гостите повторно, треба да се вложи многу труд и работа, да внимаваат на своето однесување и да го претстават ресторанот во најдоброто можно светло. Во еден ресторан секој треба да си ја знае својата работна позиција и одговорностите кои што ги има. Вработениот треба да покаже почит кон гостинот затоа што тој плаќа за својата услуга.

Во ресторанското работење постои бон-тон кој што го применуваат вработените, а треба да го применат и гостите, за секоја нивна посета да прерасне во пријатна атмосфера и задоволство. Еве неколку важни работи што секој гостин треба да ги почитува:

– Доколку работното време на еден ресторан е до полноќ, а вие пристигнувате неколку минути пред полноќ, дали очекувате  вработените да ве пречекаат со широка насмевка? Треба да се знае дека нивната работа воопшто не е лесна и како  сите останати и тие имаат определено работно време, без разлика на тоа што се вработени во ресторан.

– Ако во ресторанот кој што го посетувате видите маса која технички е слободна, тоа значи дека нема да бидете послужени се додека таа маса не биде подготвена и чиста за да може да ги пречека следните гости. Поради тоа треба да се покаже трпеливост, а ако сметате дека не можете да чекате да се подготви масата, тогаш изберете маса која е комплетно слободна.

– Потребно е гостинот секогаш да покаже трпение кон вработените и на учтив начин да укаже на нивните грешки или пак на задоволството или незадоволството за квалитетот на храната, без притоа да биде гласен и да користи навредливи зборови кои би го привлекле вниманието на останатите гости.


За повеќе информации и консултации обратете се на:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
[email protected]

Слични написи