10 најпознати видови кашкавал

by ugostitelstvo.mk

Кашкавалот постои повеќе од 4000 години кога човекот прв пат почнал со молзење на животните, а млекото го користел како дел од својата исхрана. Денес во светот постојат илјадници видови кашкавал, а некои од нив се популарни и светски познати, но и синоним за квалитет и совршеноство. Секој вид, покрај квалитетот се одликува со традиција и историја која ги следи низ целиот свет, па затоа ќе ве запознаеме со неколку од нив.

 

ementaler– Emmentaler е швајцарски полутврд кашкавал направен од кравјо млеко, кој изворно потекува од долината Emmentaler. Името му е дадено во 1542 година, од жителите на општината Langenthala. Денес има повеќе од 1600 произведувачи на кашкавал од овој вид. Кашкавалот содржи 45% маснотии, а препознатлив е по дупчињата кои се резултат на дејството на гас додека е во процес на созревање.

 

Gouda– Goudа е најпознатиот кашкавал од холандските простори, но и најпознат во светот. Овој светски познат вид, своето производство го започнал во VI век, на фарма во близина на Rotterdam која го носи истото име. Холандија овој кашкавал гo извезува во многу земји од светот, повеќе од 700 години. Gouda е полутврд масен кашкавал направен од кравјо млеко, со благ вкус и светло жолта боја кој може да се послужи со сувомеснати производи и да се користи во припремата на топли и ладни јадења.

 

 

 

edamer– Edamer најлесно може да го препознаете по своето црвено пакување. Станува збор за полутврд кашкавал кој прв пат бил употребен во 14 век. Светло-жолтиот кашкавал потекнува од малото гратче Edama, северно од Амстердам. Оргиналниот кашкавал најчесто се продава додека е млад бидејќи тогаш структурата му е најдобра и го има препознатливиот благ вкус. Во споредба со останатите видови, Edamer нема карактеристичен мирис и содржи помалку маснотии, а можете да го јадете во комбинација со овошје. Формата на овој кашкавал во почетоците била тркалезна, додека денес можете да го најдете во форма на коцка.

 

 

Bravo_Cheddar– Chedar е најпознатиот кашкавал од Велика Британија. Ова име почнало да се споменува во 16тиот век, но историјата на овој кашкавал датира уште од римско време кога прв пат бил донесен во Англија. Chedar е кашкавал со мазна структура и без дупчиња, со карактеристичен мирис и пикантен вкус. Се произведува од полномасно кравјо млеко, а најмногу се консумира во Велика Британија и останатите Англосаксонски земји.

 

camembert-artisan-au-lait-cru– Camembert е познат француски мек и масен кашкавал произведен од кравјо млеко. Карактеристичен е по впечатливата мувла која ја содржи во себе. Според легендите, бил произведен од Marie Harel во далечната 1791 година, во селото Camembert Normandy. Marie рецептот за овој кашкавал го добила од католички свештеник, кој се криел во нејзиниот дом за време на Француската револуција. Препознатлив е по своето дрвено округло пакување кое му ја задржува свежината. Најдобро е да се консумира со овошје и ореви, а се препорачува пред консумирање да се чува на собна температура за да се развие карактеристичниот вкус и мирис.

 

 

photos.demandstudios.com-getty-article-99-149-167172772_XS

– Brie е мек кашкавал произведен од кравјо млеко кој во себе има делови од мувла, а е препознатлив по бело – жолтата средина.  За него се вели дека е претходник на Camembert и дека е татко на сите бели габички. Овој вид кашкавал во околината на Париз постои уште од VIII век.

 

 

gorgonzola– Gorgonzola е италијански кашкавал со препознатлив вкус и карактеристично сино-зелена боја која потсетува на мрамор. Првиот пишан доказ за постоењето на овој кашкавал е од 879 година. Иако посотјат повеќе легенди за настанокот, една од нив говори како угостител од Gorgonzola открил дека кашкавалот кој го чувал во ладните простории на својата гостилница станувал син и како таков тој го понудил на своите гости кои биле воодушевени. Името на овој кашкавал е заштитено со ознаките D.C.O и се производува само во Lombardi.

 

parmezan– Parmesan, омилен на многумина, тврд, масен и ароматичен кравји кашкавал со потекло од Парма. Оригиналното име му е „grana Parmigiano Reggiano“. Овој вид потекнува од големото семејство на тврди кашкавали со жолта структура. Името Parmesan под организиран проект е изгласано во 1955година и е синоним за сите италијански тврди кашкавали од целиот свет.

 

 

 

pecorino– Pecorino  е уште еден тврд и деликатесен врвен италијански кашкавал, од овчо млеко кој е познат по својот силен вкус и квалитет. Иако потекнува од Sardinia, сега овој вид се произведува во oколината на Рим, па затоа најчесто го носи и името ”pecorino romano”  иако го нарекуваат и ”pecorino siciliano, toscana и sardo”. „Pecora“ значи „овца“, па така е многу лесно да се претпостави дека станувза збор за кашкавал од 100% овчо млеко.

 

 

 

2012-07-19-Mozzarella1v2_rect540– Mozzarella е доста познат италијански кашкавал кој е клучна состојка во секоја добра пица. Овој вид потекнува од околината на Рим, а документите говорат дека датира од 15 век. Тогаш го носел името mozza кое доаѓа од италијанскиот збор „mozzare“ што во превод значи „сечење“, а се однесува на начинот на кој се произведува овој кашкавал.

 

 

 

 

Слични написи