Во организација на Кулинарската федерација и Дипломатската асоцијација на Србија од 17ти до 19ти октомври на Белградскиот саем се одржа Гастро фестивал.
Најголемиот гастрономски спектакл во регионот беше следен од останати четири манифестации и тоа:
•Балкански кулинарски куп
•Биг Мастер
•Балкан Чили Фестивал
•ЕКСПО
Овој настан беше поддржан од Министерството за трговија, туризам и телекомуникација, Туристичката организација на Србија и Туристичката организација на Белград.
Целта на ваквата манифестација е да се прошири културата и квалитетот на здравата исхрана, унапредување на кулинарските способности и угостителската понуда на Белград, и секако, усовршување на професионалците во областа на гасторномијата. Фокус на настанот беше промовирање на националната храна и вино на Србија.