Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 25-ти до 28-ми септември 2014 година, ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам JATA во Токио, Јапонија.
На овој саем втора година по ред учествува и Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што на мапата на светот се претстави како привлечна и сè уште неоткриена дестинација за јапонските туристи.
АППТ организираше и изложба на фотографии од Македонија направени од познатиот јапонски фотограф Tatsuki Hironiko. Присутните беа особено заинтересирани за културниот, гастрономскиот и винскиот туризам, како и кружни тури низ Балканот, вклучувајќи ја и нашата земја. За г-дин Tatsuki Hironiko, АППТ организираше информативна тура низ Македонија во месец септемви, а во 2015 година во Токио ќе се организира изложба на фотографии од нашата земја.