Македонија беше претставена на саемот за туризам во Англија

by ugostitelstvo.mk

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 3-ти до 6-ти ноември 2014 год., ја промовираше Македонија и македонскиот туристички производ на Интернационалниот саем за туризам World Travel Market во Лондон, Англија 2014.

На овој саем за прв пат учествуваше Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што на мапата на светот се претстави како привлечна дестинација за англиските туристи. Уште една причина повеќе за зголемување на бројот на туристи од Англија е и дирекната линија на Wizz Air, Скопје-Лондон (Luton).

Свое учество на македонскиот штанд имаа и повеќе туристички компании од Македонија кои на туристичките работници од Англија, Европа и светот ќе им презентираат квалитетни понуди и атрактивни туристички производи од Македонија. Со оваа саемско промовирање се направија напори да се отвори уште еден туристички пазар со цел зголемување на бројот на странските туристи во Македонија. Нашата земја е промовирана и во бизнис каталогот на WTM, а има и онлајн промоција на официјалната страна на саемот.

АППТ на саемското промовирање организираа и дегустација на македонски вина. На македонскиот штанд беа поканети тур оператори, новинари и посетители/потенцијални туристи од Англија кои не останaа рамнодушни од новата атрактивна дестинација на Балканот и пошироко.

Македонија беше претставена како сериозен учесник во еден од најголемите и најважните светски туристички саеми. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски се сретна со членови на Асоцијацијата на тур оператори од Англија, претставници на медиа/маркетинг компании и новинари.

Светската туристичка берза годинава прослави јубилејни 35 години и како таква беше форум за презентација на 186 земји/региони со приближно 698 штандови и 4,903 излагачи/компании од областа на туризмот. Присуство заземаа 22.100 трговски професионалци,  8.544 купувачи и 2.888 новинари.

 

Слични написи