Лондон е најдобра хотелска инвестиција во Европа

by ugostitelstvo.mk

Лондон е еден од најатрактивните хотелски дестинации за хотелиерските инвеститори во Европа, покажа истражувањето на светската туристичка индустрија.

Повеќе испитаници на листата го ставиле Лондон пред Париз, Барселона и Амстердам. Надвор од границите на Лондон, испитаниците изјавиле дека втора по ред инвестициска дестинација се шкотските градови Единбург и Абердин.

“Хотелските инвеститори имаат зголемен апетит за инвестирање во Европа и Велика Британија. Оваа дестинација е најатрактивна за меѓународните инвеститори, поточно за оние од Северна Америка и Блискиот Исток.“- изјави Ник ван Маркел, глобален шеф за хотелиерство на Делоит.

Слични написи