Лисабон ќе наплаќа турстичка такса од 2015 година

by ugostitelstvo.mk

Од 1 ви јануари 2015 година сите кои ќе го посетат Лисабон ќе треба да платат туристичка такса од едно евро.

Министерството за туризам ја донесе оваа одлука со цел во текот на 2015 година да бидат инкасирани седум милиони евра во државниот буџет. Тие најавуваат и закон за идните посетители со кој за секое преноќување во градот ќе се наплаќа плус едно евро.

Како што пишува во еден од весниците, таксата е привремена и ќе се применува до 2019 година, кога се очекува да биде завршен стратешкиот план за туризам во Лисабон.

„Доколку патувате со деца, за нив таксата за преноќување е исклучена и наплатата се однесува само на првите седум дена од вашиот престој. Затоа за престојот во Лисабон покрај останатие трошоци што ќе ги имате, ќе треба да одвоите  плус седум евра за вашето преноќување во главниот град на Португалија.“ изјави градоначалникот на Лисабон, Фернандо Медина.

 

 

Слични написи