Колкава е понудата во рестораните на органската храна

by ugostitelstvo.mk

Дали во нашите ресторани е возможно да стане пракса, покрај обичното мени да добиете и мени со јадења кои се подготвени со намирници од органско потекло?

органска хрна 2Се разбира дека ваквата понуда дополнително ќе го збогати изборот на јадења, но дали ќе можеме да се справиме со економскиот момент.
Понудата на органската храна или продуктите кои се произведени на органски начин, претставува иновативен процес, бидејќи овие продукти се бараат во светот сè повеќе. Во земјите на Европската Унија продажбата на органската храна е три пати зголемена. Од овој податок се гледа дека денес има се повеќе консументи што би платиле и поголема цена за да добијат производ кој е еколошки одгледан или произведен, хемиски не е третиран, а со самото тоа и побезбеден за нивното здравје.
Несомнено е дека гостите во рестораните ги знаат предностите на органската храна во однос на онаа која е конвенционално произведена. Значи консументите го ставаат на највисок приоритет нивното здравје, па така се бараат јадења направени од состојки за кои јасно е наведено нивното потекло и начинот на кои тие се произведени, но воедно и јадења кои имаат избалансирна нутритивна вредност и запазен вкус.

Очигледно дека има тенденција „наполентите чинии и овали со купови месо и обилните десерти’’ да станат
минато. Очигледно е дека луѓето стануваат се повнимателни со количината на храна што ја внесуваат во текот на еден ден.
Но, сепак кога ќе чуеме дека во некоја европска земја органски произведената храна чини 5 пати поскапо од онаа која е произведена на вообичаен начин, тоа го прифаќаме како информација од некоја друга планета. Сè уште кај нас никој или барем мал број на консументи-гости се спремни да платат барем 10% поскапо месо одгледано во органски фарми. Што се однесува до ова, тука сме поприлично лицемерни, сакаме да јадеме и да пиеме здраво, а да платиме како да сме купиле индустриски произведени, ниско квалитетни намирници во рестораните за брза храна.

Истражувањата покажуваат дека модерните ресторани служењето на органската храна главно го практикуваат поради зголемување на профитот на ресторанот, а потоа заради гастрономското искуство.

органска храна

Значи суштината е во трендот кој се следи и за кој се плаќа одредена цена.

Од друга страна, поскромните ресторани се мотивираат од фактот за исправноста на овој концепт на служење и консумација на органски јадења и производи. Гостите пак, имаат позитивно чувство и чиста совест поради изборот на здрава храна.

Според нашите прилики, ограничувачки фактор за консумирање на органски одгледувани намирници е секако цената за која се смета дека во рестораните би била 50-70% повисока од онаа што денеска е актуелна.
Од сето ова произлегува заклучокот дека, гостите доколку сакаат да козумираат органски производи ќе треба да платат повеќе, но, исто така и угостителските објекти ќе мораат да направат баланс помеѓу можностите на гостите и очекувањата на рестораните.
Се проценува дека учеството на производи од ваков тип во угостителските објеки ќе расте се повеќе во наредниот период.
Што се однесува до рестораните кај нас, кои нудат јадења од органски произведени намирници, нив ги има само како ресторани со вегетаријанска храна.

Слични написи