Данската Агенција за храна и ветерина (Fødevarestyrelsen), неодамна објави шокантна вест поврзана со една од компаниите доставувачи на храна за пензионерските домови и болници во Данска.
Имено, компанијата Nordic Ingredients, храната наменета за лицата со потешкотии при исхраната и потреба од специјална храна, ја приготвувала во користени мешалки за цемент!
Дополнително, од агенцијата информираат дека хигиената во производните погони била на исклучително ниско ниво и дека мешалките користени во процесот не биле претходно соодветно исчистени.
Десетиците установи во Данска кои ги користат услугите на оваа компанија се изненадени бидејќи не биле свесни за начинот и условите во кои компанијата ја приготвува деликатната храна за лицата во домовите и болниците.
(извор: TheLocal.dk)