Хотелот „Broadway“ од Велика Британија на еден пар им наплатил казна во износ од 100 фунти (125 евра), затоа што на сајтот TripAdvisor, го опишале како „скапана смрдлива колиба“.
Тони и Џен Џенкинсон објавиле негативен коментар, откако се разочарале од нивниот престој во хотелот „Broadway“. Парот подоцна открил дека им биле наплатени дополнителни 125 евра од нивната кредитна картичка, на што надлежните во хотелот им образложиле дека политиката на хотелот е да наплаќа за сите негативни критики.
Џенкинсонови се пожалиле во Друштвото за заштита на потрошувачи во Кумбрија, кои рекле дека досега не се сретнале со ваков случај. Покрај сите направени напори, парот си ги добил парите назад.