Форум на хотелиери во Стопанската Комора на Србија

by ugostitelstvo.mk

XI Форум на менаџери се одржа на 26ти октомври во Стопанската Комора на Србија. Темата на годинешниот собир беше комуникацијата,  од чиј квалитет во значајна мера зависи успешноста на еден хотел. Па затоа и слоганот на овој собир беше „Се е во комуникацијата”.

Форумот е место каде што се собраа сите сопственици и хотелски менаџери, директори на рецепција, како и менаџери за продажбата и маркетинг.

Предавачите кои ги пренесоа своите знаења на идните хотелиери беа видни и реномирани професори од државните факултети за туризам и менаџмент од Србија кои се потрудија на највозбудлив начин да им пренесат знаење кое ќе им служи за да изградат висок квалитет на хотелска услуга.

На овој собир беа прогласени добитниците на значајните хотелски признанија „Амбасадори на добрата услуга“. Во текот на церемонијата беше презентиран и проектот Кралска бања Србија како една од елитните туристички локации и инвестициски потенцијал за Србија.

Слични написи