Здравата храна која има посебна цел, односно задоволува некаква потреба или недостаток кај човекот, т.н. functional food, оваа година бележи пораст  од 176,7 милијарди долари, потрошени на храна. Со тоа, овој сeктор бележи голем пораст и е еден од најбрзо растечките во светот. 

145994197

Но, дали знаете кои земји се најдобри во лансирање на нови приозводи на пазарот?

Според Nutrition Business Journal, Соединетите Американски Држави се лидери во продажба, која е проценета на 43,9 милијарди долари, за минатата година. Јапонија е на второ место, со продажба од околу 22 милијарди долари, а зад нив се Обединетото Кралство со 8 милијарди долари и Германија со 6,4 милијарди. Ова покажува колку купувачите во дадени региони се спремни да потрошат, за да купат функционални производи.

Се покажа дека Северна Америка, Австралија и Западна Европа, трошат повеќе на functional food, храна која нуди превентивни здравствени мерки, посебно мерки кои го спречуваат стареењето.

Слични написи