Финска ќе изгуби до 30% од руските туристи за новогодишните празници

by ugostitelstvo.mk

Финска ќе изгуби од 20% до 30% од руските туристи за новогодишните празници, прогнозира регионалниот директор на националниот центар за туризам „Visit Finland“, Арто Асикајнен. „Според зборовите на Асикајнен, бројот на руски туристи во Финска годинава е намален за 11% во споредба со 2013 година.“ Падот е позабележлив во последниве неколку месеци. „Колебањето на курсот на рубљата доведе до намалување на патувањата во Финска“ – појасни претставникот на „Visit Finland“.

Сепак, според информациите на националниот центар за туризам, Русите сѐ уште водат меѓу останатите странски туристи кои доаѓаат во посета на Финска. Според резултатите од минатата година, бројот на руски туристи во Финска изнесува 1,6 милиони лица. Тоа е повеќе од туристите во Британија, Германија и Шведска, земени заедно.

Како што појасни Асикајнен, најчесто во Финска доаѓаат жителите на Москва и Санкт Петербург. Рускиот турист во просек дневно троши по 120 евра во Финска, додека европскиот турист – 80 евра. 

Слични написи