Државно првенство на баристи – 2014

by ugostitelstvo.mk

„Skopje design week“ беше домаќин на државното првенство на баристи

Од вкупно 20 натпреварувачи шестмина се натпреваруваа во финалниот круг каде потготвија:

  • Четири еспреса
  • Четири капучина
  • Четири авторски пијалоци

Во присуство на италијанскиот Амбасадор  Н.Е Ернесто Масимино Белели и организаторот на Државното првенство на Баристи, титулата Бариста на Македонија за 2014 беше доделена на Филип Цанев.

 

Во краткиот говор Н.Е Ернесто Масимино Белели го потнцираше спојот меѓу кафето и дизајнот, како во уметничкиот така и во индустрискиот дел (кафемати, филџани). Тој го искажа своето задоволство и благодарност кон учесниците, кои како професионални баристи ја негуваат и шират културата на еспресото и италијанската традиција во пиење кафе, а потоа ги прогласи првото, второто и третото место на првенството:

  • Прво место Бариста на Македонија за 2014 година е Филип Цанев од Coffee Academy
  • Второ место Стојанчо Георгиевски од Цреша бар- Скопје
  • Трето место Маријан Зелев Кафе бар Емпорио- Богданци

Првопласираниот ќе патува во Италија (Болоња) во седиштето на Attibassiа на  локалот кој што го претставуваше на првенството му донесе софистицирано софтверско решение за хорека работење. Второпласираниот добива патување во Италија (Болоња), а техничките судии не го “поштедија” од патување во Италија и трето пласираниот натпреварувач.

Слични написи