Две “трик прашања” кои на разговорот за работа можат многу да откријат за вас

by ugostitelstvo.mk

Големите компании и сериозните работодавачи бараат способни кандидати, но во многу случаи не можат да знаат дали го направиле вистинскиот избор, се додека вработениот не помине одредено време на својата позиција.

Проблематика ја наведе во својата колумна Boris Veldhuijzen van Zanten, основач на популарниот портал The Next Web. За подобро да ги процените вашите идни врабтени, van Zanten тврди дека користел неколку трикови на разговорите за работа, а меѓу нив како последни биле:

-Што ќе направите ако ве одбереме вас ?
-Што ќе направите доколку не ве одбереме вас ?

Van Zanten овие прашања ги поставил на новите студенти додека престојувал во уметничката академија. Тој тврди дека некои од испитаниците без да размислувањаат одговараат зошто се пријавиле за оваа позиција,  а кажуваат дека ова им е последен обид да работат во таа дејност, со желба да пробаат да работат нешто друго.

– Зошто овие прашања се важни ? „Кога веќе ќе го предизвикате кандидатот за својата иднина, добра или лоша, тие ќе се опуштат и ќе ви ги откријат сите сонови и очекувања. Тоа може да ви открие повеќе отколку било која биографија“- изјавил van Zanten.

Слични написи