Дубровник нуди бесплатни тури оваа зима

by ugostitelstvo.mk

Туристичката организација на хрватскиот град Дубровник, со својата понуда за бесплатни туристички разгледувања сака да привлече повеќе туристи во текот на зимската сезона. 

Old-Town-Dubrovnik-Croatia

Почнувајки од 22 ноември па до 15 март 2015 година, секој посетител на Дубровник кој ќе остане повеќе од 3 дена, ќе добие бесплатни туристички разгледувања. Секоја сабота туристички водич на англиски јазик во времетраење од 90 минути ќе ги запознава туристите со убавините кој ги има овој град. Дубровник во првата половина од 2014 година, го посетиле 317,669 туристи, а преноќиле 1,04 милиони туристи што е повеќе од 11%  во посети и 9% во преноќувања споредено со изминатата 2013 година. 

 

Слични написи