Белград доби нов луксузен хотел

by ugostitelstvo.mk

Хотел “Константин Велики” е нов, современ и луксузен хотел кој набрзо ќе ги отвори вратите во Белград. Хотелот е категоризиран со 4 ѕвездички и располага со 40 соби, луксузни апартмани и сала за конференциски состаноци која може да собере 70 гости. Собите се опремени со централна клима, сеф, бесплатен интернет, директна телефонска линија и бар. На располагање на гостите има и голем паркинг простор со гаражи. Хотелот е лоциран на улицата „27 Март“, а цената по ноќевање почнува од 50 евра по лице.

Слични написи