Балкански кулинарски куп

by ugostitelstvo.mk

Најдобрата чоколадерка на светот, Елена Михајловна Сучова, на престојниот Белградски гастро фестивал кој се  одржа од  17ти – 19ти октомври 2014 година, додели престижни награди на најуспешните учесници на натпреварот, во категоријата слаткари. Наградата која ја додели на најуспешниот учесник, беше обука во елитното училиште за чоколадо и кулинарски уметности „A. Korkunov“, кое се наоѓа во Москва. 

Елена Сучова, како лиценциран судија од Светската асоцијација на готвачи, на гастро фестивалот ги оценуваше учесниците во рамки на манифестацијата Балканскиот Кулинарски Куп, а на 18ти октомври настапи и на Мастер купот. Оваа победничката на Олимпијадата во Ерфурт и победничка на Светското Првенство во Луксембург,  ја започнала својата кариера во 1975 година.

Таа има напишано четиринаесет авторски книги од областа на кулинарството, а се стекнала и со бројни признанија и награди од Светската Асоцијација на готвачи и Московската кулинарска асоцијација. Член е и на управниот одбор на меѓурегионалната Руска асосијација на готвачи, а веќе пет години под нејзин надзор се одвива хуманитарниот натпреварар на слаткари, за децата без родители од рускиот град Росто́в-на-Дону́. 

Слични написи