Хотел на Алпите

by ugostitelstvo.mk

article-0-14149F15000005DC-49_634x422Хотелот кој се наоѓа на 3.000 метри надморска висина може да прими 12 алпинисти кои ќе се одлучат да го освојуваат Мон Блан, највисокиот врв на Алпите. 

 Хотелот располага со дрвени кревети, кујна и дневна соба која има поглед на глечерот “Fribouz”. 

Многу планинари кои во текот на нивното искачување премрзнуваат или се физички истрошени, можат да преноќат во овој хотел, да одморат, да се напијат чај и да продолжат со својот предизвик.

Овој мини хотел е изграден од италијански инжинери, а неговата вредност изнесува 250 илјади евра.
Материјалите за изградбата се донесени со помош на хелихоптери од најблиското село во “Val Ferret”. Хотелот се напојува од сончева енергија во текот на сончевите денови, а во останатиот дел од годината се користат агрегати.

Цената за едно ноќевање во овој хотел изнесува 30 евра и знаејки ја локацијата на овој хотел сопствениците не очекуваат многу голема заработка.

 

Слични написи